И за време на летниот распуст продолжуваат успесите на нашите ученици.
На државниот натпревар по Народна техника во областа електроника нашиот ученик Максим Петков од 8в одделение го освои првото место под менторство на наставничката Даниела Моневска.
На државниот натпревар по хемија нашата ученичка и нашиот првенец на генерација, Јована Јовевска од 9а одделение го освои второто место под менторство на наставничката Соња Цветкоска.
На државниот натпревар по природни науки нашиот ученик Максим Маринковиќ од 4б одделение го освои третото место под менторство на наставничката Анетка Трајкоа, а учениците Никола Демјански и Петар Цветкоски беа наградени со пофалници.
Честитки за сите ученици!