На 07.04.2022 год. дел од учениците од второ, четвртто, петто, шесто, осмо и деветто одделение  учествуваа во контактно – училишната емисија „Ѕвон“  на покана од уредникот Татјана Ласковска.

Учениците го претставија своето основно општинско училиште  –  ОOУ „Стив Наумов“, а воедно и активности во рамките на проектите „Ученички иницијативи“  и  „Еколошка едукација во Македонскиот образовен систем“.

Се презентираа содржини од страна на талентираните ученици од областа на музиката (модерен танц, хип-хоп, ритмичка кореографија), драмската секција  (драматизирање на извадок од лектирата Гоце Делчев) како и знаење од областа на техничко образование (презентирање на сопствени креативни изработки) и природните науки (презентирање на животниот циклус на цветните растенија и нивните  фази на развој).

Учесниците покажаа  голема креативност, а посебен акцент беше ставен на едуцирањето и другарувањето.

Датум 07.04.2022 година                          Координатор:  Андријана Стефановска