Во согласност со реализацијата на програмата по предметот-Општество во трето одделение и Историја и општество во четврто и петто одделение во договор со м-р Наде Костадиновска-Спасеновска-представник од НУ Музеј на Македонија и одделенските  наставници беа одржани работилници –предавања од страна на компетентни предавачи од НУ Музеј на Македонија.

На 09.11.2022

1.Предавач: м-р Наде Костадиновска-Спасеновска, тема: Народни носии (IV а ).

2.Предавач: Горан Павловски, тема: Народна архитектура (во III a III б одд).

3.Предавач: Ива Јовановска, тема: Народни обичаи (во III в одд).

4.Предавач: Милан Пејоски, тема: Настанок на парите и парите во нашата држава (во V а и V б одд).

На 10.11.2022г.

1.Предавач: м-р Наде Костадиновска-Спасеновска, тема: Народни носии (во IV б и V б одд).

2.Предавач: Горан Павловски, тема: Народна архитектура (во IV б и V г одд).

3.Предавач: м-р Боро Бунтески, тема: Историја (Крушевска Република, Илинден, АСНОМ), (во IV г одд).

Предавачите на многу непосреден, елоквентен и креативен начин им ги презентираа активностите од работилниците вклучувајќи ги учениците во своите презентации. На сите часови и групи беше релаксирано во пријатна интерактивна атмосфера и учениците со нескриено задоволство ги следеа и извршуваа активностите по зададените барања и напатствија од страна на предавачите.

Учениците се стекнаа со нови занаења, ги проширија и продлабочија претходните познавања и знаења од темите на работилниците и сите ученици за успешност во работата добија мали симболични награди-поклони од НУ Музеј на Македонија.

15.11.2022, Скопје

Слободанка Басотова