На Регионалниот натпревар по географија за ученици од Основните Училишта,
2021 година, во организација на Здружението на професори по географија на
Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ„ се одржа на
04.04.2021 година (недела), во 11 часот.
На годинешните Регионални натпревари учествуваа 154 ученици користејќи ја
националната платформа за далечинско учење MS Teams.
Нашето училиште го преставуваше ученичката Елена Крстева под водство на
ментор м-р Марина Грамова и освои 87,5 поени.
Со тоа ученичката обезбеди пласман и учество на државниот натпревар кој ќе се
одржи на 15.05.2021 год