Како сите години претходно, така и оваа, без разлика на глобалната ситуација, сепак за сите нас овој ден има голема важност затоа што имаме чест наш патрон да биде Стив Наумов, кој својот млад живот го положил за својата татковина и прераснал во народен херој. Неговиот пример на родољубие и пожртвуваност одекнува низ историјата до ден денес, а ние сме горди што сме негови наследници и ја живееме неговата огромна љубов кон својата земја и својот народ. Се надевам дека ќе уживате во содржините на програмата која ја подготвивме за вас, во чест на овој убав светол ден.