„Ви посакуваме да сте живи и здрави, послушни, вредни и истрајни во учењето и во извршувањето на училишните обврски!“

Со искрени желби за солидни постигања и напредување во училиштето и многу успеси во натамошното школување кон присутните родители и ученици се обратија директорката на училиштето, Елизабета Јовановска, градоначалникот на о.Гази Баба, Борис Георгиевски, и одделенските наставнички на паралелките од прво одделение.