Со разновидни и креативни активности, организирани од Детската организација, низ кои имаа можност да ги изразат своите таленти,  способности и вештини преку приредба по разглас, драматизации, рецитали, изработка на плакати, изработка на флаери и на книги учениците од ООУ „Стив Наумов“ – Скопје  достојно, ангажирано и посветено ја одбележаа Детската недела (03-09.10.2022), недела кога се слави правото на децата да уживаат во детството и кога децата се потсетуваат на своите права. По овој повод второодделенците, заедно со координаторот за Детска организација – Елизабета Каранфилова, на своите нови другарчиња од прво одделение им ги презентираа детските права од „Конвенцијата за правата на детето“ и им приредија пригодна приредба со кои им дадоа пример за културно и за примерно однесување, за трудољубивост, за истрајност и за успех во учењето и во работата. Воедно, на сите деца во светот им посакаа среќно, мирно и безгрижно детство.