Дополнителната настава ќе се организира за учениците кои имаат потешкотии во учењето и заостануваат по одделни наставни предмети или од оправдани причини подолго време отсуствувале од редовната настава. Оваа настава ќе се изведува во текот на наставната година со еден час неделно за учениците од II до IX оддление.

За успешно организирање на дополнителната настава неопходно е континуирано следење и вреднување на успехот и напредокот на секој ученик, како и постојана контрола на неговите развојни особености и потреби. За дополнителна настава, 56 образовните групи ќе се формираат во различни периоди, во зависност од времето кога се појавуваат одредени потешкотии кај поедини ученици.

Содржините за оваа настава се специфични за секој ученик и затоа ќе се применуваат пред се индивидуална форма на работа, работа во групи, а ќе се користи и фронтална работа со учениците од секоја од групите.

Реализацијата на дополнителна настава се евидентира во одделенскиот дневник и е дел од годишниот глобален план на секој наставник поединечно. До 20-ти септември ќе биде изработен распоред за дополнителна настава кој по донесувањето станува составен дел на оваа годишна програма.