Проект: Македонија без отпад во 2012 год.

Проектот „ Mакедонија без отпад во 2012 год. " претставува дел од проектот „Let's Do It!" World 2012. кој се реализира под покровителство на Владата на Република Македонија а го координира Министерството за образование и наука во соработка со повеќе владини и невладини организации како што се: "Ајде Македонија!", „ОХО", „Пако-Мак" и други. 

Основното училиште „Стив Наумов" во целост го подржа проектот и се вклучи во истиот. На ден 06.10.2012 година во училиштето беше одржано предавање (презентација) на тема „Отпад", а потоа се спроведе работна акција за чистење на училишниот двор.

 

Цели :

  • проширување на знаењата за отпад и правилно ракување со истиот;
  • зголемување на свесноста за вистинската вредност на отпадот како збир на ресурси и нивно понатамошно процесуирање (намалување, повторна употреба, рецикилирање и слично);
  • поттикнување на позитивен однос кон чиста и здрава животна средина;
  • јакнење на заедништвото, взаемната доверба и одговорноста;

Во акцијата земаа учество учениците и сите вработени во училиштето. Најпрво за учениците и вработените во училиштето беше одржано предавање на тема „Отпад" од страна на наставникот Елизабета Јовановска кое беше пропратено со интересни слајдови и проследено со адекватна дискусија од страна на присутните.

По завршеното предавање на учениците и вработените им беа поделени ракавици и вреќи за собирање на отпадот и потоа истите излегоа во училишниот двор за да ја спроведат акцијата. Училишниот двор беше поделен на парцели и секоја паралелка заедно со својот одделенски раководител во целост го отстрани сметот од својот дел. 

Во оваа работна акција се собра одредена количина отпад кој потоа беше адекватно одложен во градските контејнери.

Одговорен наставник:Елизабета Јовановска

 

Презентацијата од проектот: Македонија без отпад во 2012 год. можете да ја превземете овде:

Документ:
Македонија без отпад во 2012 год
Галерија од проектот 

 

 

создать сайт