Известување

Ве известуваме дека согласно програмата за 2020 година на Општина Гази Баба и оваа година ќе започне реализацијата на проектот „Од полуматура до танц култура“. Реализатор на проектот е Еурека Студио во партнерство со Општина Гази Баба.

Проектот ,,Од полуматура до танц култура,, успешно се спроведува две години и е наменет за деветооделенците од Општина Гази Баба. Целта на проектот е преку забава, танцување и музика да се подигне нивото на танц културата, но и да се остави еден спомен на генерациско дружење.

Оваа година овој проект ќе започне да се реализира онлајн, со помош  на интернет апликациите. Координаторот на проектот како и инструкторите преку зададени задачи ќе комуницираат со деветооделенците, ќе танцуваат и ќе изучат заедничка кореографија. Ќе се користат апликациите ZOOM и Viber.

За таа цел потребно е информацијата за спроведување на проектот да се спроведе до класните раководители на деветите одделенија, а тие да ја пренесат до своите ученици. Истите да направат список со име и презиме и број на телефон од ученикот. Да се направи список на сите заинтересирани ученици кои сакаат да учествуваат во zoom тренинзите како и во завршната манифестација. Списокот се враќа до директорите на училиштата и тие го доставуваат на емаил до координаторот најдоцна до 30 април.

 

Како и се друго така и во овој проект завршната манифестација ќе се одржи одложено на плоштадот во Автокоманда, односно во првата создадена прилика за масовни собирања и дозвола за одржување настани. Во меѓувреме се што е планирано ќе се спроведува онлајн. Така и завршната изведба на танцот ќе се реализира онлајн со учество на сите ученици кои ќе бидат дел од обуката, а за начинот на реализација ќе бидете известени. Од сето ова ќе излезе успешно онлајн видео кое ќе остане документирано за оваа генерација на полуматуранти.

Се надеваме дека како и предходните години и оваа ќе наидеме на поддршка од страна на сите училишта, повторно ќе не има во голем број на малку поинаков начин.

Во време кога голем дел од денот младите се во седечка положба, во време кога се апелира за вежбање, музика, танц, движење, сметаме дека со овој проект значително ќе помогнеме за успешно справување со кризата, делуваме позитивно и на физичкиот и на психичкиот развој.

Координатор на проектот

Катерина Јолакоска

Контакт  тел.070 305 966   email: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

создать сайт