Стив Наумов ( 1920 - 1942 )

Стефан Наумов е народен херој од народноослободителната војна и организатор на народнослободителното движење. Роден е во 1920 година во Битола. Основното и средното образование го завршува во Битола а студиите ги продолжил на Техничкиот факултет во Белград. Во Белград се приклучува на напредното студентско движење а во 1939 се зачленува во КПЈ. Од 1940 КПЈ го назначува за секретар на месниот комитет на партијата во Битола. Мегу првите ја организира народноослободителната борба во Битолско и Ресенско, за да во април 1942 учествува во организирање на народноослободителните одреди во Битола под името "Пелистер". Од јуни 1942 станува член на оперативниот штаб на Главниот Штаб на партизанските одреди за Македонија и член на Привремениот ПК на КПЈ за Македонија. На 12 септемрви 1942 заедно со поетот и соборец Мите Богоевски опколени се од бугарската окупаторска војска во селото Болно. Неговата смрт ја опишува еден инспектор на бугарската Служба за безбедност кога давал исказ пред ОЗНА после ослободувањето: "По претресот на селото Болно, седнавме да се одмориме во дворот на училиштето и почнавме да јадеме, а војската се потготвуваше да си оди. Во тоа време чувме престрелка кај шумичката под селото. Откако престрелката заврши, отидовме да видиме што станува и разбравме дека две лица биле забележани како излегуваат од шумичката и пак се вракаат во неа. Еден кандидат офицер ги повикал да излезат од шумата, но тие отвориле оган и го убиле подофицерот. Едно од лицата било убиено надвор од шумичката, во едно долче. Лицето беше високо, убаво развиено, русокосо и по се изгледаше дека само се убило откако врз себе ја активирало бомбата. Се установи дека лицето е Стефан Василев Наумов.

создать сайт